Skip to main content

Ѓорчевска утре игра за пласман во третото коло на Челенџерот во Италија

 Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа вечерва во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо, совладувајќи ја со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за 67 минути игра. Наградниот фонд на турнирот е 115.000 американски долари. 

Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4:2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4:3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6:4 и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5:1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6:3.

Во второто коло во среда Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која со 2-0 во сетови ја победи сонародничката Ангела Фита Болуда.

Поврзани вести