Skip to main content

Во моментов не се размислува за враќање на задолжнителен воен рок во Македонија

Во моментов не размислуваме бидејќи нема доставено таква иницијатива. Секогаш и Армијата и сите стручни служби што се поврзани со ова прашање, се на готовност доколку има потреба, вели министерот за одбрана, Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање, околу евентуалното можно враќање на задолжителниот воен рок во Македонија.

Според Мисајловски, убаво е доколку еден млад човек помине одреден период во Армијата и сега таа можност е дозволена на доброволна основа.

Доколку има иницијативи и причини, преку дебата би го разгледувале, подвлече министерот.

Поврзани вести