На сцената, музејот и перонот бр. 1 на скопската железнича станица, синоќа премиерно беше изведена мултумедијалната претстава „ДЕДО МРАЗ ДОЈДЕ СО ВОЗ“.
Претставата ги следи патешествијата со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје и неговото доаѓање е неизвесно, па му треба помош од неговите Елени, Џуџиња, Снешко, но најмногу од неговите обожаватели, децата. Приказната се раскажува почнувајќи од музејската поставка „Зошто Дедо Мраз го одбра железничкиот сообраќај?“ преку мултимедијална театарска претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на сцената на Македонски железници – ИНФРАСТРУКТУРА завршувајќи со разглед на специјалниот новогодишен воз на Дедо Мраз, поставен на перонот бр.1 на Железничка станица во Скопје.
Автор и продуцент на проектот е Миодраг Костиќ, а текстот и режијата на Игор Ивковиќ.
Во претставата играат актерите: Дарко Вељиќ, Андреј Серафимовски, Тодор Стојковски, Мила Трајковски, Ведра Димова, Александар Спироски, во кој се вклучени и учениците од училиштето за театар „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“.
Организатори се Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со Јавните претпријатија: Македонски железници А.Д. ТРАНСПОРТ и Македонски железници – ИНФРАСТРУКТУРА.