Skip to main content

Барселона „се извади“ против Жирона, тренерот Флик доби црвен картон пред дуелот со Реал Мадрид

Барселона на домашен терен ја победи Жирона со 2:1 во 9. коло од Шпанското фудбалско првенство.

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри, го отвори резултатот во 13. минута. Во 20. минута, Аксел Витсел од Жирона, изедначи, а Роналд Араухо во третата минута од судиското продолжение и донесе победа на Барселона. 

На овој натпревар, тренерот на домаќините, Ханс Флик беше исклучен во 90. минута. Ова исклучување доаѓа пред дуелот на Барселона со најголемиот ривал Реал Мадрид, што е на програмата во следното коло н на 26 октомври.

По триумфот над Жирона, Барселона има 22 бода и е прва на табелата. Реал Мадрид е на второто место со 21 бод, но со натпревар помалку. „Кралевите“ утре играат против Хетафе.

Жирона е 19. на табелата со шест бода. 

Поврзани вести