Skip to main content

Бугарија прими четири парчиња од Шпанија

Шпанија ја продолжи својата серија без пораз на официјални натпревари на 29 натпревари.

Шпанците синоќа во Ваљадолид ја совладаа Бугарија со 4:0 во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Во овој период, Шпанија победи на 24 натпревари и одигра пет средби нерешено.

„Црвената фурија“ постигна сличен подвиг помеѓу 2010 и 2013 година.

Шпанија моментално е прва во Групата Е од квалификациите за Светското првенство 2026 година, со 12 бода од четири натпревари. Тие ќе играат против Грузија на гости на 15 ноември

Поврзани вести