
Денеска се наоѓам во дворот на велелепниот храм Свети Јован. Доблесно е кога нешто нема да успеете да направите, да признаете, но бидете сигурни дека во потегот позади мене ќе изградиме нов модерен плоштад со културен дом – вети Дарко Костовски, кандидат за градоначалник на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласува дека во изминатиот период успеале да ги надминат сите имотно правни проблеми и успеале да направат еден убав модерен проект за којшто архитектите обезбедиле.
Плоштадот ќе се простира на 3000 метри квадратни. Домот на култура ќе се простира на 900 метри квадратни. За овој проект се потребни 100 милиони денари. Истите ќе бидат обезбедени од страна на буџетот на општина Бутел – дпдаде Костовски.