Skip to main content

Почина Чезаре Пачоти, славниот дизајнер чии чевли ги носеа светските ѕвезди






Чезаре Пачoти, италијански дизајнер на обувки, почина на 67-годишна возраст, објавија денес италијанските медиуми. Пачотипочинал во опкружен со своето семејство, соопшти WWD во соопштение објавено во недела навечер. Детали за причината за смртта не се објавени. Во соопштението за медиумите се наведува дека Пачоти, заедно со неговата сестра Паола, „напишале фундаментална страница во историјата на чевлите „Made in Italy“.

Зашилениот бодеж, симбол на брендот, ќе остане декларација за идентитет и храброст. Ќе се памети по својот заводлив стил и извонредна човечка великодушност, се додава во соопштението.

Истоимениот бренд на Пачоти е познат по своите секси и женствени дизајни, а петицата со кама стана негов заштитен знак. Токму таа беше во центарот на вниманието на Неделата на модата во Милано минатиот месец, кога брендот повторно го нагласи своето богато наследство.
Компанијата е основана во 1948 година во Чивитанова Марке - еден од главните центри за производство на чевли во Италија - од Џузепе и Сесилија Пачоти, родители на Чезаре и Паола, со мисија да создаваат рачно изработени, занаетчиски обувки.
Чезаре Пачоти го започна својот бренд во 1980 година и го претвори во меѓународно позната компанија. Неговите остри модели на штикли и иновативни дизајни беа огромен успех, обожавани од ѕвезди како Бијонсе и Парис Хилтон.
Сандалите и чизмите обложени со крзно или украсени со кристали беа само некои од неговите хитови, а брендот стана редовен учесник на модните недели во Милано и Париз. Во 2007 година, дизајнерот претстави комплетна линија облека под етикетата Paciotti 4US.
Починатиот дизајнер остави зад себе две деца, Лудовика и Џузепе Пачиоти, од првиот брак, како и тригодишна ќерка од вториот брак. 
Датумот на погребот сè уште не е официјално објавен.

Поврзани вести