
Три децении на жителите на селата Љуботен и Љубанци им беше ветувано дека ќе се изгради водовод за да добијат чиста вода за пиење. Три децении лаги од ДУИ и СДСМ, напиша на Фејсбук министерот за транспорт, Александар Николоски.
Ние не ветивме, туку се зафативме за работа и реализираме. Денес започнавме со изградба на водовод кој треба да ги поврзе селата Љуботен и Љубанци со градскиот водовод.
Проектот е координиран од премиерот Христијан Мицкоски, финансиран и се работи преку преку министерството за транспорт на барање на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски. Градиме во сите населени места без никакви поделби. Како влада решаваме децениски проблеми. Продолжуваме посветено во сите општини, истакнува Николоски.