Skip to main content

Столе викан „чиста мрежа“: Првото место за нас е историја!

Столе Димитриевски одново имаше фантастичен настап во репрезентативниот дрес на мечот против Белгија.

По натпреварот Димитриевски истакна дека беше многу тешко да се игра против ваков противник, но напомена дека одбраната беше перфектна.

„Доста тежок натпревар на белгиски терен. Тие беа навистина одлични, особено во офанзивата. Но, ние одигравме перфектен натпревар во одбраната. Беше тешко да се игра против ваква селекција. Не можеме така лесно да излеземе од прва во трета зона, бидејќи нè притискаа постојано. Но, пак ќе речам – дефанзивно одигравме без грешка“, рече Столе.

Потоа даде коментар за следниот натпревар на Македонија:

„Од првиот натпревар во овие квалификации ние одиме на победа. Така да за нас прво место е историја, натпреварот со Казахстан ќе биде доста тежок, но играме дома пред нашата публика. Но, треба да се одмориме, да се подготвиме и да одиграме фантастичен натпревар за да го освоиме трите бода“, додаде нашиот голман.

Поврзани вести