Skip to main content

Амбасада на Шпанија: Дон Кихот и Санчо Панса ќе бидат во Националната опера и балет на 21 октомври

Амбасадата на Шпанија во Македонија упатува интересна најава дека Дон Кихот и Санчо Панса ќе бидат во Националната опера и балет на 21ви октомври. Таму ќе ве пречекаат, за да се збогуваат со вас!

Низ градот кружат приказни дека легендарниот витез Дон Кихот и неговиот верен придружник Санчо Панса пристигнале во македонската престолнина.

Според сведоштва на граѓани, херојот од Ла Манча и неговиот сојузник биле забележани на неколку познати локации – најпрво на Скопското Кале, потоа во Старата скопска чаршија, пред Националната опера и балет, а подоцна и кај Камениот мост и плоштадот „Македонија“.

Од Амбасадата на Шпанија потврдија дека Дон Кихот и Санчо Панса навистина пристигнале во градот, што коинцидира со нивниот Национален ден на Шпанија -12 октомври.

Поврзани вести