Skip to main content

Трамп најави крај на контроверзните трансродови политики во САД

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, најави серија остри мерки во политиките на земјата.

Говорејќи пред поддржувачи во Феникс, Аризона, тој изјави дека веднаш по инаугурацијата ќе потпише укази со кои ќе се забрани присуството на транссексуалци во војската и училиштата и ќе се ограничи пристапот до медицински процедури за промена на пол кај малолетници.

Трамп нагласи дека официјалната политика на САД ќе биде признавање на само два пола – машки и женски.

Оваа тема предизвикува длабоки поделби во американското општество, особено во поглед на трансродовите права и нивниот пристап до спортови и јавни установи, како и леснотијата со која се дозволува на малолетници да извршат промена на пол и се осакатуваат со лекови со кои се прави „пауза на пубертетот“, а станува збор за истите лекови со кои се врши хемиска кастрација.

Покрај тоа, Трамп најави дека ќе започне најголемата операција за депортација на нелегални мигранти во историјата на САД. Тој исто така вети крај на војната во Украина, запирање на хаосот на Блискиот Исток и спречување на Трета светска војна, но не даде детали за начинот на кој планира да ги реализира овие цели.

20 јануари ќе биде ден за ослободување на Америка, порача Трамп на собирот.

Поврзани вести