Базенот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ денес, 27 декември 2024 година, повторно започна со работа, откако беше отстранет дефектот во машинскиот дел.
Од Центарот ја информираат јавноста дека проблемот е успешно решен и базенот е подготвен да ги прими посетителите. Тие изразија благодарност до сите корисници за разбирањето и трпението за време на прекинот.