„ВТОР ДЕН МИ Е“ е кампања за подигнување на свеста за напорниот втор ден од женскиот менструален циклус, но и за разбивање на стигмата поврзана со менструалното здравје на жената и повик за отворена комуникација во општеството.
За таа цел ќе се одржи панел дискусија на втори декември, во 18 часот во „Јавна соба“ на која ќе учестуваат: проф. д-р Весна Јаневска, министер за образование и наука, м-р д-р Симонида Котларова Попоска, гинеколог, Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија и м-р Емилија Спасовска Мојсовска, нутриционист.
После дискусијата, официјално се отвора фото изложбата наречена ВТОР ДЕН МИ Е, каде 13 девојки и жени земаа учество и беа фотографирани на вториот ден во циклусот и било кој друг ден. Разликата е евидентна. Фотограф е Стефан Самандов.
Проектот е на Public Room, а поддржан од ДМ – Македонија во рамки на платформата {ЗАЕДНО} за подобро утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.