Земјотрес со епицентар 760 километри јужно од Скопје во Средоземно Море со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван денеска веднаш по полноќ во 00:43 часот, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот со локална Рихтерова магнитуда 5.8 е почувствуван и во нашата држава со интензитет од II -III степени според Европската макросеизмичка скала.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија има станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.