ОВЕН
Се потпирате на вашите соработници во кои имате доверба. Но би требало да поводите сметка околу вашата доверба и да не верувате баш на сите. Може да очекувате промени во расположението кај саканата личност. Генерално ќе се чувствувате добро.

БИК
Ќе имате доста обврски од кои најголем дел ќе се појават непланирано. Можно е вашата мотивација да е во опаѓање. Очекувајте добри и пријатни мигови со саканата личност, особено ако сте во брак. Нагласен е пад на имунитетот.

БЛИЗНАЦИ
Конечно ќе одморите затоа што нема да имате премногу работи. Пред вас е поволен период за годишен одмор или некое кратко патување. Може да се сретнете со личност која ви се допаѓа. Пред вас се нови интересни доживувања. Ќе имате минлива аритмија.

РАК
Нови случувања на работното место ќе ве збунуваат затоа што ништо нема да испадне онака како што сте очекувале. Однсот со саканата личност ќе се поправи, имате впечаток дека постои надеж и деќа ќе бидете задоволни. Обврнете внимание на стомакот.

ЛАВ
Комуникацијата која ја имате со колегите е одлична. Доста се задоволни со состојбата која владее на работното место. Не ви е лесно да ги искажете чувствата спрема личноста која ви се допаѓа. Доста сте срамежливи. Избегнувајте ги цигарите.

ДЕВИЦА
Ве очекуваат доста убави вести на полето на финансиите. Имате впечаток дека конечно на ова поле се движите напред и нештата се подобруваат. Отворено ги покажувате чувствата спрема саканата личност и таа ви возвраќа. Обрнете внимание на внесувањето на шеќер.

ВАГА
Ве очекуваат мали отежнувања на полето на работата. Ќе се чувствувате дека напредокот постојано ве одбегнува. На прво место ќе ви биде односот со саканата личност. Можен е низок притисок и мали проблеми со здравјето.

ШКОРПИЈА
Обрнете внимание на тоа да не претерувате во барањата кои ги поставувате на работното место. Спуштете ги критериумите малку. Постои една личност која ја почитувате и и се восхитувате од далеку. Имате многу енергија во себе.

СТРЕЛЕЦ
Немојте да ја поклонувате вашата доверба толку лесно. Овој викенд некој ќе се обиде да ве измами. Личност која ви се допаѓа комуницира ноншалантно со вас но вие и понатаму не сте сигурни дали ве гледа како пријател. Ќе бидете чувствителни во мускулите и коските.

ЈАРЕЦ
Во работното опкружување можно е да не функционирате баш најдобро, потребен ви е одмор и опуштање. Пред вас е можност да направите убаво и романтично изненадување за вашиот партнер. Обрнете внимание во внесување на течности.

ВОДОЛИЈА
На деловен план ви доаѓаат подобри денови, но моменталниот период е тежок и нема да ви е лесно да се соочите со него. Ви претстојат убави случувања со некоја Вага. Доколку веќе имате партнер, ќе размислувате за брак. Проблеми со холестеролот.

РИБИ
Не сте задоволни со ситуацијата на работното место и планирате да почнете да се залагате повеќе за вашиот напредок. Можно е да имате проблем со посесивноста и во некои ситуации да чувствите дека само вие вложувате во врската. Внимавајте на крвниот притисок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.