Skip to main content

Во болница Кавадарци извршена прва лапароскопска уролошка операција кај 38-годишен пациент

Болница Кавадарци

Во ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, успешно беше изведена првата лапароскопска уролошка операција кај пациент на возраст од 38 години со дијагностицирана варикоцела, информираа попладнево од Болницата.

Операцијата беше изведена од Тони Нешковски и тимот од Одделот за уролошка хирургија, во соработка со проф. Д-р Јован Ивчев, како и со анестезиолошкиот тим предводен од спец. д-р Билјана Еленова, соопштија од Болницата.

Оттаму упатија честитки до целиот тим.

Притоа истакнаа дека оваа интервенција претставува значаен чекор напред во развојот на минимално инвазивната хирургија во оваа установа и потврдува, како што додадоа, дека Општата болница Кавадарци продолжува да го унапредува квалитетот на здравствените услуги во корист на пациентите.

Поврзани вести