Министерот за здравство Арбен Таравари денеска пред новинарите изјави дека досега не добил информрација од Клиниката за токсиколгија дека се згрижени млади луѓе кои пиеле парацетамоли како предизвик на социјалните мрежи.
Досега немам ниформација од Токсикологија дека млади луѓе, кои користат тикток, пиеле по 5-6 парацетамоли, дека се пријавени на Клиникта за токсикологија. Јас не користам тик-ток, првпат слушам за ова, изјави Таравари.
Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсиколгија, на својот фејсбук профил предупреди за опасен тикток предизвик, со земање на големи дози на парацетамол кај младите.
Од почетокот на оваа година на платформата ТикТок кружи нов многу опасен предизвик меѓу младите, несување на големи дози парацетамол.
Почитувани, колку и да звучи чудно, труењата со парацетамол се меѓу најсмртоносните труења со лекови. Дури и мали дози 10-15 таблети предизвикуваат оштетувања на црниот дроб. 20-40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување. Секоја година 30-50% од акутните трансплантации на црниот дроб во САД и Европа се прават поради труења со овој лек. Затоа контролирајте ги вашите деца, пред да ни се случ нова трагедија, предупреди д-р Беќаровски.