Skip to main content

Таравари го разреши директорот на кумановската болница

Министерот за здравство Арбен Таравари го разреши директорот на кумановската болница доктор Стефан Трајановски откако во медиумите беше објавено дека 32-годишниот пациент Ведат Адеми починал откако му била администрирана венска линија со лек што содржел аналгин, на кој тој бил алергичен (анафилакса).

Министерот Таравари денеска изјави дека директорот е разрешен откако државниот здравствен и санитарен инспекторат пронашол неправилности за кои не прецизираше какви се.

Се надевам дека утре ќе назначиме нов директор во Општа болница Куманово. Целата документација ќе биде разгледана и предадена на Обвинителството. Се надевам дека судот ќе донесе правична одлука ако постои лекарска грешка. И тие што водиме институции, и тие што лекуваме пациенти треба да сме свесни дека ако има пропусти треба да се одговара. Затоа од утре јас ќе ве известам и ќе излеземе со името на новиот директор, рече Таравари.

Поврзани вести