Skip to main content

Што се случува кога јадеме брзо и колку време треба да трае оброкот?

Фрипик

Доктор Лесли Хајнберг укажува на проблемот прејадување и брзото јадење „од нога“.

Најлошото нешто што можеме да си го направиме е да јадеме „од нога“, колку да се каже, само да ставиме нешто во уста. Имено, секој лекар ќе ви каже дека е исклучително важно да јадете бавно, најмалку 20 минути, за да избегнете мноштво проблеми, од појавата на киселини до висок крвен притисок и дијабетес.

Иако секогаш имаме изговор дека немаме време и дека треба набрзина да каснеме нешто, д-р Лесли Хајнберг објаснува зошто џвакањето и јадењето полека е од витално значење.

На вашето тело му требаат помеѓу 20 и 30 минути за да испрати порака до мозокот дека сте сити. Ако јадете брзо, ќе изедете повеќе храна од луѓето кои јадат бавно. Кога мозокот конечно ќе го добие потребниот сигнал, веќе е доцна. Сте се прејале и сте почувствувале непријатност во стомакот – вели Хајнберг.

Таа напоменува дека постојат неколку начини да се забави процесот на консумирање храна.

Првиот чекор е да ја џвакате храната побавно, таа советува секој залак да го џвакате 15 до 30 пати.

Исто така, советува да се напиете малку вода помеѓу залаците. На овој начин не само што ќе останете хидрирани, туку и ќе се чувствувате посити поради водата.

Еден од психолошките трикови е да ја спуштите раката или виљушката помеѓу залаците, бидејќи така нема да брзате со следниот залак пред да го изџвакате претходниот.

И конечно, најважно, исклучете го телевизорот или мобилниот телефон додека јадете. Докажано е дека кога вашиот мозок е зафатен со гледање содржини, јадете повеќе и побрзо.

Колку е ова важно најдобро покажуваат последиците од прејадувањето и брзото јадење – киселини, проблеми со варењето, надуеност, дебелина, висок крвен притисок, па дури и дијабетес, пренесува клиниката „Кливленд“.

Поврзани вести