Skip to main content
y7mt5wNEvoU
НЕРМИН ТЕЛОВСКА, ДИРЕКТОРКА НА ЦЕНТАРОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ПАТОЛОГИЈА НА ВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

Се почесто доаѓаат деца кај кои што мора да се одложи тргнувањето во прво одделение поради говорно-јазични и проблеми со моториката

Нермин Теловска: Мора да се зголеми јавната свест за предолго поминување време пред екраните / Александар Ивановски


Освен екранизмот, расте бројот на деца од претшколска возраст кај кои мора да се одложи тргнувањето во училиште во прво одделние поради говорно-јазични и проблеми со моториката. Моториката е тесно поврзана со развојот на говор, бидеји тоа е моторичка функција, не е само мисловна. Се јавуваат прблеми со когинитвниот развој, несоница, проблеми со учење, најмногу со вниманието. Од една страна има поголем број на деца кои имаат потреба од логопед, но од друга страна, позитивно е тоа што луѓето стануваат посвесни за овие проблеми, па доаѓаат почесто и се консултираат. вели во интервју за „Република“ Нермин Теловска, директорка на Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација.

Кога родителите треба да побараат помош од логопед, кои се првите знаци кои треба да ги воочат, како современиот начин на живот, посебно дигиталните медиуми влијаат на развојот на говорот кај децата, дали во Македонија има регистер за бројот на деца кои имаат потешкотии го говорот и како се доаѓа на преглед во Центарот, се прашањата на кои Теловска дава одговори во интервјуто.

Нермин Теловска: Од една страна има поголем број на деца кои имаат потреба од логопед, но од друга страна, позитивно е тоа што луѓето стануваат посвесни за овие проблеми, па доаѓаат почесто и се консултираат / Фото: Александар Ивановски

Таа говори и за нови истражувања прочитани во стручната литература кои покажуваат дека во случај на појава на екранизам кај децата, ако шест месеци се одвои детето од екраните, веднаш има подобрување, има позитивни ефекти. Тоа значи со децата да одиме почесто надовр, на Водно, да пешачиме на Кејот на Вардар, да возиме велоспиеди, да спортуваат, да се дружат со врсници.

Како се доаѓа на преглед во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација?

ТЕЛОВСКА: Јавноста треба да се запознае со нашата професија и со нашите проблеми. Како установа ние сме дел од здравствениот систем, бидејќи логопедската дејност се одвива во здравство, социјална заштита и образование. Имаме 31 логопед, ние сме најголема логопедска установа во Македонија, имаме акредитација која ја добивме од Агенцијата за акредитација и унапредување на квалитетот на работата на здравствените установи, се врши постојан мониторинг, преку нивни механизми, се проверува квалитетот на работата на Установата. Имаме добра опрема, одлично еудцирани кадри. Најчесто се закажува преку матичен лекар, со мој термин, а може да закаже и друг доктор – специјалист.

За состојбата со логопедијата кај нас и за бројот на кадрите, Теловска вели бројот е доволен, но проблемот на логопедијата или дефектологијата или специјална едукација и рехабилитација е тоа што се уште нема закон.

Децата кои поминуват многу време пред екраните, не знаат да прочитаат говор на тело и израз на лицето. Тоа е резултат на современиот начин на живот. Не се движат, не се дружат, социјализацијата е запставена и затоа мора да се зголеми јавната свест за тоа што значи долго седење пред екраните.

Ако доенчето нема реакција на појава на мајчиниот лик, ако не почне да гуга, да реагира на аудитивни дразби, ако најдоцна до една година не имитира основни гестови и не разбира зборови од секојдневната комуникација и не знае да каже најмалку неколку зборови со значење тогаш родителите треба да побараат помош од логопед, вели Теловска.

Понатаму се очекува до две и пол годишна возраст да почне да користи реченица од два збора. Потоа постепено почнува да користи предлози и до четири и пол годишна возраст веќе да има граматички говор и да може да ги изговора сите гласови од мајчиниот јазик, додава Теловска.

Дали има регистер за бројот на децата кои имаат потешкотии со говорот?

ТЕЛОВСКА: Кога ќе биде регулирана дејноста со закон, ќе има регистри и ќе знаеме колку установи работат. Сега на секој чекор ќе видите ординација или здружение, отворило логопедски кабинет. Не знаеме точна бројка. Ние субјективно може да заклучиме дека бројот е зголемен, бидејќи искуството тоа ни го говори преку работата, секојдневно се среќаваме во поликлниките при преглед на децата. Од една страна има поголем број на деца кои имаат потреба од логопед, но од друга страна, позитивно е тоа што луѓето стануваат посвесни за овие проблеми, па доаѓаат почесто и се консултираат.

Оксфорд го прогласи „трулење на мозокот“ за збор на годината. Колку и како екраните влијаат на трулеж на мокот?

ТЕЛОВСКА: Не сакам како логопед да навлегувам во докторката дејност. Ние како логопеди може да заклучиме дека имаме број на деца кои имаат некои нови симптоми, кои не биле до сега, но тие не се аутистични деца. Тоа е многу важно за родителот што да забележи кај детето. Ако е подолго време пред екран, погледот на детето е како занесен, како онаа состојба пред спиење, кога му се спие. А тоа така бидејќи кога е долго пред екран, многу долго во алфа бранови работи мозочето. Тоа подоцна го попречува вниманието, фокусот, учењето. Од друга страна тинејџерите многу долго ноќе седат пред екрани и таа сина светлина делува на мелатонинот, го супримира.

Теловска: Ние како логопеди може да заклучиме дека имаме број на деца кои имаат некои нови симптоми, кои не биле до сега, но тие не се аутистични деца / Фото: Александар Ивановски

Дали и загадувањето на воздухот влијае на нервниот систем и со тоа на говорот на децата?

ТЕЛОВСКА: Јас не сум експерт во таа област, но нервниот систем ако нема здрава средина не може да се развива. Тоа значи дека ќе има последици по општиот и по менталниот развој кај детето. Но, очигледно е дека нешто е сменето во таа социјално-емоционалнакомуникации. Децата го имаат тој израз на лицето, како да се отсутни. А не се аутистични. Позитивна работа што може да прочитаме и во стручна литература е дека ако шест месеци се одвои детето од екраните, веднаш има подобрување. Ние немаме наше истражување кое ќе потврди ова што го пишува, но се вели дека ако се работи за екранизам, ќе има позитивни ефекти. Тоа значи со децата да одиме почесто на Водно, да пешачиме на Кејот на Вардар, да возиме велоспиеди, да спортуваат, да се дружат со врсници.

Дали има програма со Министерството за здравство која опфаќа превентивни прегледи во градинките и училиштата?

ТЕЛОВСКА: Имаме заедничка програма со МЗ и прегледуваме околу 2.000 деца во градинките и во некои училишта каде што сме повикани во првите одделенија. Во секоја возраст има резултати. Има вродени, развојни и стекнати проблеми кои може да се јават и подоцна. Тоа значи дека немаме граница, работиме и со возрасни лица. Го проширивме тимот за работа со лица со афазија, имаме и програма за работа со лица со афазија за колегите да можат да работат и онлајн. Загадувањето носи почести болести, вируси, бактерии, се почесто човек мора да се изолира и некако е потребен и екран. Но, мора да се одвои она што е бенефит, што е позитивно, да се користат позитивните ефекти од дигитализацијата, но да не се претера со времето кое се користи. Со често седење пред екран, се нарушува кај детето и режимот на исхрана. Затоа што дете кога ќе седне да игра, тоа сака да ја заврши играта до крај, нема станување. Тука е проблемот на родителите, не можат да воспостават режим, режим на исхрана, режим на сон, режим на учење.

Кои се вашите препораки поврзани со говорно-јазичниот развој?

ТЕЛОВСКА: Ние препорачуваме што повеќе движење, спортски активности и жива комуникација. Зборување лице в лице, каде што детето ќе го види тој емоционален момент, каде што ќе научи социјална и емоционална комуникација.
Во моментов во регионот имаме најдобар кабинет за аудиометрија, благодарение на Министерството за здравство и бугарската амбасада која донираше многу современ аудиометар. Тој кабинет е наменет за сите пациенти кои ќе дојдат. Откако ќе се оперираат децата со глувост, откако ќе се имплантираа, одеа по други држави за да се прави тој фитинг, подесување на слушниот апарат. Сега за тоа нема потреба да се оди во странство, може да се прави тука, кај нас.


Разговараше: Александра М. Бундалелвска
фото и видео: Александар Ивановски
монтажа: Александар Арсовски

Поврзани вести