Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци, кажа денеска на прес конференција Рената Младеновска, членка на ИО на СДСМ.
Во втората половина на 2024 година, починале 19 доенчиња и едно петгодишно девојче. Овие трагични бројки отвораат многу прашања за кои јавноста заслужува одговори“, вели таа.
Младеновска праша зошто и како се направени пропустите, каде затајува системот, дали се штитат лекарски грешки?
Особено алармантен е последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести, кое било одбиено за хоспитализација, без да се издаде никакво образложение за причините. Ова е втор ваков случај за само два и пол месеци на Клиниката за детски болести, по трагичната смрт на 14-месечно бебе, кое исто така беше одбиено за болничко лекување. Понатаму, бебе старо само 8 дена донесено од Струмица во многу лоша здравствена состојба, почина од сепса и уште други трагични случаи“, вели Младеновска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати писмена реакција на прес конференцијата на Младеновска.
СДС треба да се срами кога зборува за здравството. СДС треба да се срами бидејќи здравството беше во кома кога нивниот претседател Венко Филипче беше министер за здравство. Венко Филипче беше најлошиот менаџер и министер за здравство во историјата на Македонија.
СДС треба да знае дека нивниот претседател Венко Филипче додека беше владин функционер и министер за здравство остави девастирана област. Последиците од СДС и ДУИ во здравството се огромни, катастрофални и штетни. Деструктивните политики на СДС и ДУИ го уништија македонското здравство, во време на СДС и ДУИ имаше бројни скандали во здравството како историскиот скандал на Онкологија. Во време кога Филипче беше министер за здравство, неговото катастрофално менаџирање во здравството ги остави болниците без медицинска опрема, клиниките и болниците во долгови и дефицит на медицински кадар. Mандатот на Филипче беше преполн со големи афери, сомнителни тендери, корупција, и скандали со пациенти. Крахот на македонското здравство во време на Филипче, СДС и ДУИ доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите. Филипче имаше низа на афери и скандали во здравството особено во време на пандемијата како скандалот со набавката на кинеските вакцини.
Филипче како министер за здравство за време на корона пандемијата ја стави Македонија на 5-то место на светската листа со најголем број на жртви. На Филипче кој е прв човек на СДС кога беше министер му се случија модуларна болница во Тетово, Дурмо турс, корона пандемија, Онкологија, скандалот со набавката на кинеските вакцини и ова се случаи кои Филипче дозволи да резултираат со 14 мртви во Тетово, а во несреќата Дурмо Турс 15 мртви. СДС со Филипче е само продолжена рака на Заев кои освен тендери и ставање пари во џеб ништо друго не ги интересираше.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги санира штетите од владеењето на СДС и ДУИ во здравството и е посветена на подобрување на условите за работа во интерес на граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Пресконференцијата на Младеновска предизвика коментари во здравствената фела. Познавачите во здравството во Македонија, Рената Младеновска која беше екс директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, воопшто не ја паметеле или пак многу бледо со оглед дека таа наводно била синоним за неодговорност, неотчетност и нетрансперентност.
Според нив, таа никогаш не иницирала ниту инспекциски надзор самоиницијативно, туку и за да ја врши својата основна работа за која беше надлежна требало да и каже Венко Филипче, од чија сенка еве гледаме дека и денес не била уште излезена.
Тие обвинуваат дека Младеновска денес се дрзнува да држи прес полн со некрофилија, со што, како што коментираат, уште еднаш ја потврдила тезата дека „СДС со стари партиско-некрофилски полтрони продолжува со застарени и нереформирани методи да го поминува опозицискиот период. Во СДС ништо ново, се е исто, а особено некрофилијата, го нема само Заев, но затоа Филипче е негова копија“.
Според познавачите таа и нејзината СДСМ свесно одбира да не ги земе во предвид бројките и статистиката на починати деца на Детска клиника.
Имено, воопшто не е зголемена смртноста на клиниката, туку е намалена за двапати во споредба со претходните пет години или три пати помала смртност во споредба претходно.
Каде беше тогаш Рената Младеновска? И кога преземамала мерки и одговорност како што е тоа денес случај?!
Каде беше Рената да утврди одговорност и што има оваа партиска другарка на Филипче да каже за наследениот недостиг на кадар во кој соучествува кога и во минатото исто како и денес дежураа специјализанти, но како директор без став и интегритет одбрала единствено да биде слеп послушник на Филипче! – коментираат упатени во здравствените случувања.