Skip to main content
YtgSkzzcslw
Д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје

Психолошка поддршка за адолесценти е новата анонимна телефонска линија што планира да ја отвори Институтот за јавно здравје

Одѕивот на двете анонимни телефонски линии што ги отвори Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) е одличен, линиите „горат“, граѓаните се јавуваат и веќе се размислува за проширување и во денови и во број на стручни лица кои ќе работат, вели во интервју за „Република“, директорката д-р Марија Андоновска.

Пред неполни два месеци ИЈЗ реши да им излезе во пресрет на граѓаните и да отвори две анонимни телефонски линии, за откажување од пушење цигари и линија за совети за бремени жени, мајки, доилки. Линијата за откажување од пушење цигари „Не пуши, откажи се“ работи секој понеделник и среда, од 11 до 13 часот, а заинтересираните може да се јават на бројот 078 285 873.

Одѕивот на двете анонимни телефонски линии што ги отвори Институтот е одличен, вели д-р Андоновска

Секој вторник и четврток од 11 до 13 часот работи Центарот за советување „Инфо бебе“ (078 285 613), каде што стручни лица даваат совети за исхрана, хигиена, доење, вакцинација, нега на бебиња.

Д-р Марија Андоновска, објаснува кој бил мотивот на ИЈЗ да ги отвори линиите, посебно кога податоците говорат дека вкупно 45 отсто од населението во Македонија се пушачи. Најактивни се оние меѓу 34 и 55 години (55 отсто). Од пушење досега се откажале 15,6 отсто, а 39 отсто од населението никогаш не запалиле цигара.

Мајките, посебно оние кои првпат стануваат родители сакаат од стручно лице да добијат совет.

Со д-р Андоновска разговаравме и за идните планови на Институтот, за воведување втора смена на лабораториите на ИЈЗ, кои досега не работеле, како и за нова линија за психолошка поддршка за адолесценти.

На линиите работат стручни лица кои се вработени во Институтот. Тие се обучени да ги водат граѓаните низ процесот на откажување од пушење цигари и знаат, според протоколите, како да разговараат со загрижени мајки, како да ги смират, да им ги разјаснат сите сомнежи околу исхраната, негата, доењето, вакцините…

Д-р Андоновска вели ИЈЗ размислува во иднина да се воведат повеќе линии, ќе бидат вклучени повеќе стручни лица и се надева дека ќе се формира и канцеларија каде што граѓаните ќе можат да дојдат со физичко присуство.

Од искуството што го кажуваат оние кои работат на овие анонимни линии, велат дека некои од мајките се задржуваат и по половина час на телефон, барајќи совет за повеќе работи. Со некои мајки разговорите траат подолго, интересот е голем.
На линијата за откажување од пушење цигари се јавуваат граѓани од различна возраст. Луѓето кои најмногу се јавуваат се веќе со постоечки здравствени проблеми или луѓе кои сфатиле дека пушењето им штети и сакаат да побараат помош од институтот.

Д-р Андоновска вели дека Институтот размислува за воведување на линија за психолошка поддршка за адолесценти, која би била анонимна.

Направивме анализа што се ни е потребно за овој Институт да функционира онака како што е потребно. Од старт ги отстранивме недостатоците и недоследностите во работењето и сега сме фокусирани на оние цели кои ги имаме поставено, како да дојдеме до зголемување на бројот на потребен кадар, бидејќи имаме кадар кој не ни е потребен во ИЈЗ, а имаме недостаток на кадар од одредени профили кои навистина ни требаат. Планираме, со одредена динамика да ги решиме овие проблеми. Институтот да биде што е можно повеќе достапен за граѓаните, да дава препораки, совети, но и да дава навремени и квалитетни услуги и да биде креатор и модулатор, но и да биде чувар на јавното здравје, без разлика дали станува збор за заразни или заболувања од незаразни причинители, вели д-р Андоновска.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото и видео: Александар Ивановски

Монтажа: Александар Арсовски

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom