Skip to main content

Овие работи кои секој ден ги јадеме и пиеме најмногу му штетат на црниот дроб

Freepik

Црниот дроб има важна улога во организмот – складира хранливи материи, произведува жолчка и учествува во разградувањето на штетните материи. За негово здравје не се потребни строги диети или детоксикации, туку ограничување на одредени намирници кои, доколку често се консумираат, можат да го оптоварат.

На листата се сувомесните производи, како сланина, колбаси и разни нарезоци. Тие често содржат многу заситени масти, натриум и конзерванси, комбинација која може да придонесе за метаболички нарушувања и таложење масти во црниот дроб. Сличен проблем претставува и високопреработената храна, како чипс, пакувани печива и готови оброци, богати со шеќери, сол и рафинирани јаглехидрати.

Внимание е потребно и со брзата и пржената храна. Помфритот, похуваното пилешко и бургерите често содржат големи количества нездрави масти, рафинирани јаглехидрати и натриум. Истражувањата покажуваат дека поголем внес на ваква храна е поврзан со поголемо количество масти во црниот дроб, особено кај луѓето со прекумерна тежина или дијабетес.

Алкохолот е уште еден значаен фактор. Црниот дроб го разградува алкохолот, а прекумерното консумирање може да доведе до замастен црн дроб, воспаление, цироза и други сериозни последици. Диететичарите нагласуваат дека црниот дроб не прави разлика меѓу пиво, вино и жестоки пијалаци – количината на алкохол е клучна. За подобро здравје се препорачува негово избегнување или значително ограничување.

Поврзани вести