Skip to main content

Ноември е месец посветен на подигнување на свеста за примарна хипепероксалурија, загрижува најавата за кратење на буџетот за ретки болести, велат лекарите

Ноември е месец посветен на подигнување на свеста за примарна хипепероксалурија (ПХ), исклучително ретка генетска болест која влијае на бубрезите и црниот дроб. Во рамки на одбележувањето на овој месец, Ретки болести подготвија стручен текст кој детално ја објаснува болеста, нејзините последици и важноста од рана дијагностика.

Текстот е авторско дело на истакнати експерти од областа на медицината: проф. д-р Велибор Тасиќ и д-р Нора Абази Емини.

Авторите истовремено изразуваат длабока загриженост поради најавите во медиумите за потенцијално намалување на буџетот наменет за лекување на ретки болести. Тие апелираат до надлежните институции да се задржи, па дури и да се зголеми, финансиската поддршка за овие пациенти, чиј живот директно зависи од континуиран пристап до соодветна терапија.

Каква е ситуација со ПХ1 во Македонија?

Без оглед што метаболичката дијагностика во Македонија не е достапна болеста ефектно се дијагностицира во педијатриската популација благодарејќи на соработката со центрите во Цириџ, Келн и Бон. За жал исходот на болеста е лош заради неможност на комбинирана бубрежна и црнодробна трансплантација во Македонија. Благодарејки на програмата за ретки болести, кај последните три новодијагностицирани педијатриски пациенти со ПХ1 беше применета современата генетска терапија Лумасиран. Ефектот на терапијатра е очигледен, кај сите три пацинти нема создавање на нови камчиња и нивната бубрежна функција е стабилна.

Разочарувачката е најавата во медиумите дека буџетот за ретки заболувања ќе се скрати, а ова ке се одрази на континуирано снабдување на лекот за овие три паиценти и евентуално новодијагностициреаните пациенти бидејќи во акцијата за дијагностика на оваа фатална болест активно се вклучените и колегите адултни нефролози, велат во заедничка изјава за медиумите проф. д-р Тасиќ и д-р Нора Абази Емини, педијатриски нефролози ЈЗУ Клиника за детски болести.

Примарна хипероксалурија тип 1 Primary hyperoxaluria type 1
МКБ: E 72. 53
Инциденца/зачестеност: 1 / 120 000 годишно

Примарна хипероксалурија тип 1 (ПХ1) е најчеста форма на примарна хипероксалурија. Тоа е ретка наследна болест која главно ги зафаќа бубрезите. ПХ1 се јавува кај едно на 120 000 раѓања и се пренесува автосомно рецесивно. Неодамнешните генетски истражуцања во Америка укажуваат дека болеста е многу почеста. Последица е на натрупување на супстанција наречена оксалат, која нормално се филтрира преку бубрезите и се отстранува преку урината. Кај пациентите со ПХ1, акумулираниот оксалат се таложи во бубрезите и уринарниот тракт, се врзува со калциум и формира нерастворливо соединение наречено калциум оксалат. Ова соединение создава камчиња во бубрезите и уринарниот тракт.

Симптоми

ПХ1 може да се појави на која било возраст, а симптомите и тежината на болеста се различни. Околу 20 % од пациентите со ПХ1 имаат тешка форма на болеста која започнува на возраст помала од една година. Спротивно, пак, некои пациенти со ПХ1 живеат без никакви симптоми, сè до возраст од 50 години. Просечна возраст при која почнува болеста е околу 5 години.
Знаците на бубрежно засегање можат да варираат од нефрокалциноза (состојба на таложење на калциумови соли во бубрежното ткиво) и развој на бубрежна слабост уште во возраста на доење, па сè до повремени симптоми на камчиња во бубрезите при возрасна доба. Бубрежните камчиња најчесто се првиот знак на ПХ1. Симптоми на постоење на бубрежните камчиња се ненадејна појава на стомачна или слабинска болка, крв во урината, често и болно мокрење, покачена температура и треска. Нелекуваната ПХ1 води кон бубрежна слабост која е живото-загрозувачка состојба. Бидејќи симптомите на болеста можат да се јават релативно доцна, а да се асоцирани со сериозни компликации, тогаш сите педијатриски пациенти кои имаат бубрежни камчиња треба да бидат тестирани за ПХ1. Други чести симптоми на ПХ1 предизвикани од натрупување на соединението оксалат во други органи, можат да бидат бавен раст и развој, таложење на калциум во ѕидот на крвните садови во кожата и мускулите со последователна гангрена, нарушување на срцевиот ритам и ризик од ненадејна смрт, срцева слабост, проблеми со видот, намалена функција на тироидната жлезда, воспаление на зглобовите, натрупување во коските со појава на фрактури и анемија. Доколку не се лекуваат, животниот век кај овие пациенти е околу 20 години, а главна причина за смртност е крајната фаза на бубрежна слабост и таложење на оксалатот во гореспомантите органи и ткаења наречено системска окалоза. Се смета дека во голем број на случаеви болеста е субдијагностицира или касно дијагностицирана на пример заради откажување на бубрезите заради таложење на кристалитре на калциум оксалат во истите.

Причина

Примарна хипероксалурија тип 1 се наследува автозомно рецесивно и е предизвикана од мутација на генот АГКСТ, лоциран на хромозом 2q37.3. Ова значи дека за еден човек да заболи, мора да има мутации на двете копии на генот АГКСТ, кои ги наследил од двата родитела. Овој ген е одговорен за производство на ензим наречен аланин-глиоксалат аминотрансфераза, кој се наоѓа во клетките на црниот дроб во клеточните структури наречени пероксизоми. Ензимот е задолжен за конверзија на соединението глиоксалат во аминокиселината глицин, а како кофактор неопходен е Б6-витамин (пиридоксин). Мутациите во генот АГКСТ водат до намалено ниво или нарушена функција на ензимот, со што се оневозможува разложување на глиоксалатот. Ова резултира со натрупување на глиоксалат, кој потоа се конвертира во оксалат, наместо во глицин. Вишокот на оксалат кој не се отстранува од телото, подоцна се врзува за калциум и формира калциум оксалат, главна компонента на бубрежните камчиња.

Дијагноза

Поставувањето на дијагноза за генетска или ретка болест често е предизвик. Дијагнозата се поставува според историјата на пациентот, клиничкиот преглед, лабораториските и радиолошките испитувања и генетската анализа. Најзначаен лабораториски наод е значително зголемената елиминација на соединениата оксалат и гликолат преку урината. Специфични радиолошки анализи за детекција на хипероксалурија не постојат, но калциум оксалатните камења во бубрезите или уринарните патишта лесно се детектираат со компјутерска томографија. Радионуклидните студии даваат информација за добро ниво на зачувување на бубрежната функција. Прецизна дијагноза за ПХ1 може да се постави само со генетска потврда за мутација во генот АГКСТ или преку анализа на ензимската активност во примерокот од биопсијата на црниот дроб.

Третман

Третманот на ПХ1 е насочен кон намалување на производството на оксалат и зголемување на елиминацијата на калциум оксалат. Кај 30 % од пациентите, терапија со Б6-витамин го намалува нивото на оксалат во плазмата. Со цел да се спречи создавање на камења во бубрезите и уринарните патишта, потребен е внес на големо количество течности, терапија со калиум цитрат, алкализација на урината, суплементација со фосфати, ограничен внес на Ц-витамин и Д-витамин и избегнување на некои лекови (пр. диуретици на Хенлеова петелка). Уринарните камења треба да се третираат од искусни уролози. Дијализа е потребна кај пациенти со ПХ1 и со поразвиена бубрежна, но истата е неефикасна во отрсанување на оксалатот, што по извесен период води до системска оксалоза Изолираната бубрешна трансплантација има лош исход, бидејки доагја до натрупуванје на оксалатот во графотот и неговата дисфунцкија. Комбинираната трансплантацијата на бубрег и црн дроб е дефинитивен третман кај пациенти со ПХ1, особено кај деца со рана форма на болеста. Лекот Лумасиран е современа генска терапија и е одобрен за третман на пациенти со ПХ1 од Американската агенција за лекови во 2020 година. Резултатите се охрабрувачки и прелиминарните резултати укажуваат дека изолирана трансплнтација на бубрег има добар исход. Покрај лумасиран уште еден лек е одобрен за лекување на ПХ1, а тоа е недосиран и истиот е индициран кај пациенти постари од 12 години.

Поврзани вести