Според Светската здравствена организација, 42,3 милиони луѓе починале од болести поврзани со СИДА од почетокот на епидемијата. Но, медицинската наука стави крај на периодот на најлошото пустошење на вирусот.
Луѓето со ХИВ во 1996 година имале очекуван животен век од само 39 години. Во 2011 година, пак, очекуваниот животен век бил 72 – исто како и лицата без ХИВ.
Тоа се должи на тоа што денес, луѓето кои живеат со ХИВ и кои имаат пристап до третман може да очекуваат да живеат толку долго колку и нивните врсници кои немаат ХИВ. За повеќето пациенти, тоа е хронична болест, како што се дијабетес или срцеви заболувања.
Тоа значи дека веројатно може да имате нормален животен век и да имате живот сличен на некој што нема ХИВ“, вели д-р Реј Мартинс, главен медицински директор во „Whitman-Walker Health“ во Вашингтон.
Како се постигна ова? Антиретровирусната терапија (АРТ) во голема мера го трансформира ХИВ од фатална инфекција во хронична болест која може да се лекува. АРТ го намалува количеството на ХИВ во крвта на незабележливи нивоа, што исто така го спречува сексуалниот пренос на вирусот.
И иако е вистина дека многу луѓе немаат пристап до лекување, тоа е политички и социјален проблем – за жал, не е нешто што може да се реши со медицинската наука. Така, научниците дадоа се од себе. Сега останува на оние кои се на власт да обезбедат сите поединци да го имаат потребниот пристап.