
Во Македонија 45 отсто од возрасните пушат и колку и ние да издвоиме за скрининг и за дијагностика и третмани, ќе биде невозможна трка, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски коментирајќи ја важноста на превенирањето на малигните болести.
Како што рече, најлесно е да донесеме закон за забрана на пушење, но важно е неговото спроведување зашто ние и сега имаме закон.
Не само прилагодување туку бараме и повисоки стандарди во однос на примената. Закон за забрана на пушење и биде донесен ќе биде најпрогресивен во регионот, меѓутоа ќе треба масовна поддршка од сите за да го спроведеме. На крајот ние сме тие што треба да го почитуваме тој закон. Проблемите се напластени и долго време системот бил во инерција. Го решаваме третманот со ракот, ја решаваме дијагностиката и генетските истражувања, фокусот мора да биде на скринингот, но полека да отвораме разговор и за животниот стил кога тој, ако се исклучи генетиката на која не може да се влијае, придонесува за зголемување на ризиците, рече Клековски на прес-конференција во Клиниката за радиотерапија и онкологија, каде што беа соопштени резултати за порастот на животниот век на пациентите со три вида канцер, што се должи на ефикасната терапија и поголем буџет за третман.

Македонски


