Skip to main content

Како ќе изгледа новото руво на Клиниката за гинекологија и акушерство

Со цел унапредување на здравствените услуги и обезбедување на поквалитетна и побрза здравствена заштита за пациентките ќе биде реализирана значајна инвестиција на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. Инвестицијата која ја најавуваме опфаќа комплетно реновирање и реконструкција на просториите како што се чекалните, амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети во износ од 29.000.000 денари, со што ќе се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентките, велат од Клиниката.

Со цел многу поефикасна услуга пак и намалување на листите на чекање на пациентките за интервенција, Клиниката за гинекологија и акушерство воведува најсовремена микроинвазивна хирургија за гинеколошките операции. За таа цел инвестирани од почетокот на годината на е извршена набавка на современа медицинска опрема во износ од 32.600.000 денари.

Сериозни иневстиции ќе бидат направени и во делот за репродуктивна медицина.

Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство отсекогаш била лидер и прва ги имплементирала најновите достигнувања во медицината, вклучувајќи ја и репродуктивната медицина.

ИВФ лабораторијата на Универзитетската Клиника по пауза од околу 4 години отпочна со работа во месец ноември 2024, меѓутоа во претходно наведените нестандардни услови и со дел од кадарот кој е без соодветно искуство. По воочување на потребните промени, а за да не се прекине со работниот тек потребно е да се усогласи работењето на лабораторијата со предвидените подобрувања.

Сите планирани чекори за функционирање на најсовремениот државен модерен интегриран ИВФ центар (инфраструктура,опрема и едукација), со потенцијал за дополнителен развој и прераснување и во регионален центар и извор на дополнителни приходи за клиниката ќе изнесуваат 28.200.000

Со напред наведените инвестиции, значително се подобрува квалитетот на услугите, се намалуваат времето на чекање и се зголемува достапноста до специјалистичка здравствена заштита

Проектот ќе биде реализиран согласно највисоките здравствени стандарди и претставува пример за успешна модернизација на јавниот здравствен сектор.

Како изгледа сега и како ќе изгледа новото руво на клиниката: