
Во Ургентниот центар во Белград ноќеска се примени 9 повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани, од кои едно е со исклучително тешки повреди опасни по живот, јави МИА од Белград.
Седуммина беа под третман во операциските сали. Повредените кои се префлени во УЦ имаат изгореници од два до 28 отсто на телесната површина и тоа е иницијална проценка од ноќеска. Дел од повредените имаат изгореници на горните дишни патишта, изјави утрово Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за изгореници, пластична и реконструктивна хирургија во Универзитетскиот Клинички центар на Србија.
Според него, сите повреди лекарите на Клиниката се третираат како – тешки телесни повреди опасни по живот.
Еден пациент е на механичка вентилација, тој има најтешки повреди. Повреди има на бронхијалното стебло што се исклучително сериозни.
Засега е неблагодарно да се прогнозира за понатамошната состојба поради специфичноста на повредите. Се надевам во следните денови ќе биде појасно за секој пациент.
На ВМА во Белград од Скопје синоќа се префлени тројца пациенти.
Во текот на ноќта и утрово сме во постојан контакт со колегите од ВМА за состтојбата на пациентите од Северна Макеоднија. Знаете, лекувањето изгореници е долготраен процес што трае со денови и недели, изјави др Стојичиќ.