Skip to main content

Две нови медицински процедури на Клиниката за гастроентерохепатологија

На Клиниката за гастроентерохепатологија во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Скопје денеска ќе се одржи настан по повод започнувањето на две нови медицински процедури: Холангиоскопија и Апликација на ендоскопски стент под контрола на ендосонографија (LAMS).

Настанот ќе се одржи во обновениот ендоскопски кабинет на Клиниката.

Како што информираат од Клиниката почесен гостин на настанот ќе биде проф. д-р Петко Караѓозов, професор по гастроентерохепатологија и шеф на Гастроентеролошката клиника, Acibadem (Tokuda) Hospital, Софија.

Поврзани вести