Skip to main content

Дијабетичарите бараат измена на законските ингеренции на Комисијата за дијабетес, современа терапија во аптеките и распишување тендер за глукометри, ленти, ланцети и сензори

Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија

Измена на законските ингеренции на националната комисија за дијабетес согласно кои само пет доктори ќе имаат право и привилегија да одредуваат терапија, новите количини од современата терапија да бидат испорачани до инсулинските аптеки, а системот да биде одблокиран за да се иницираат нови пациенти и распишување на тендер за глукометри, ленти, ланцети и сензори согласно критериумите кои ќе бидат прифатливи од нас пациентите, бараат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Моменталните ингеренции на Комисијата, како што посочуваат од Сојузот во барањето до министерот за здравство Азир Алиу, се во директна колизија со стручните компетенции на лекарите кои веќе се овластени да препишуваат терапија за пациентите со дијабетес, а кои не се членови на комисијата. Потенцираат дека од некој од докторите ендокринолози кои работат во центрите за дијабетес до нив, како сојуз, стасале информации дека Комисијата за дијабетес ќе почне да прави ревизија на постоечката терапија и им било наведено дека на сите постоечки пациенти со современа терапија, таа ќе им биде ревидирана.

Дали оваа ревизија значи дека доколку комисијата одлучи дека некој пациент не треба да биде повеќе на терапија што му ја одредил неговиот матичен ендокринолог ќе биде сменет односно префрлен на друга терапија. Како ќе ни објасните дека ние ќе добиваме терапија по ревизија која нема да се прави во лекарска ординација туку во некои од салите за состаноци во Министерството. Се прашуваме дали вакви административни ревизии на терапии од комисии во состав на министерства се согласно препораките на Меѓународната федерација за дијабетес и Светската здравствена организација, прашуваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари и наведуваат дека се „подготвени за ревизија, но да се направи ревизија на 2015, 2014 година кога Комисијата за дијабетес во тоа време, со ист член кој сега е претседател дала одобрување за паралелен увоз, инструкции за административно префрлување на пациенти од една на друга терапија и административно и кабинетски придонесувала да се влоши здравјето на пациентите“.

Од Сојузот информираат дека количините современа терапија се обезбедени со тековниот тендер, но некои администратори/председатели го кочат процесот на штета на здравјето на оние пациенти на кои овие лекови им требаат и веќе два месеци се надеваат дека ќе ги добијат.

Веќе неколку пати укажуваме дека нашите права како пациенти со дијабетес, корисници на инсулинска терапија и друга современа анти дијабетична терапија се загрозени, односно се прекршени и критериумите за избор на ленти, ланцети, глукометри и сензори се сведуваат на најниска понудена цена. Тендерот за набавка на инсулинска терапија е завршен и договорите се потпишани пред речиси два месеци. Во овој момент се уште немаме достапни количини за ново поставени пациенти на современата антидијабетична терапија. За ова бевме известени од страна на претходниот министер како големо постигнување на Министерството, тоа го поздравивме со големо воодушевување, но од тоа засега се уште нема ништо и се чуствуваме целосно излажани и изиграни. Количините инсулини по инсулинските аптеки се сведени на минимум и со тоа не се обезбедуваат предуслови да се задоволат потребите на постоечките пациенти, додаваат од Сојузот на здруженија на дијабетичари.

Поврзани вести