
Десет пациенти од 19 анализирани биле неправилно упатени и неравилно оперирани во кардиоваскуларни болници, утврди Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на Министерството за здравство, беше соопштено денеска на прес-конфренцијата на министерот за здравство Азир Алиу.
До комисијата беа доставени 25 случаи од кои Комисијата утврди дека шест од нив треба да се испратат до Државниот санитерен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), бидејќи за нив не е надлежана. Анализирани се 19 случаи, од кои Комисијата утврди дека 10 случаи се неправилно упатени и неправилно оперирани пациенти, изјави министерот Алиу.
Претседавачот на комисијата, доктор Жарко Христовски рече дека во оваа првична фаза анализирале само потреба од реваскуларизација т.е.кај пациенти кои имаат васкуларна болест, а сите други пациенти ќе се анализираат по пријава или при следната фаза од нивното работење.
Наодите од анализата која е спроведена од интерната комисијата за кардиолошки и кардиолохируршки интервенции по доставени пријави од граѓани и здравствени инстутуции во државата.
Одлуките ги донесувавме на база на достапната документација по пријави доставени лично од пациенти до Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и по пријави доставени од медицински установи до ФЗО и МЗ. Ова се само првични резултати од нашата работа и затоа ќе бидеме многу ограничени во трансферот на информации. Со резултатите од нашата анализа ќе настапиме заедно со меѓународната комисија во дополнителна анализа на овие слуичаи за кои утврдивме проблематична индикација или евентуално проблем, изјави д-р Христовски.
На новинарско прашање дали ќе биде соопштно во кои медицински установи се вршеле непотребни операции, д-р Христовски кажа дека не е етички коректно нити правно издржано, во оваа фаза да се открие за кои институции станува збор и каква била состојбата на пациентите.
Во август годинава кардиолог д-р Сашко Кедев во изјава за медиумите кажа дека приватните болници праќаат пациенти на интервенции, кај кои не е потребна никаква операција. Тој за време гостувањето во „Стадион“. на Канал 77 вели дека пречесто се случува да одвраќа луѓе од непотребни операции.
Најголем дел од мојата консултативна активност е во одвраќање на луѓе од непотрени интервенции. Непотребни статирања, непотребни операции. Ние во моментов се соочуваме со нешто застрашувачко, а тоа се тие непотребни интервенции, коишто се профитно ориентирани. Имае пролиферација на приватни институции, болници, на коишто интересот им е профит. Тоа се лесно докажливи работи, тоа е снимено на филм. Имаме докази дека одредени центри треба да се затворат од медицински аспект. Да се случува тоа во Англија или Америка тоа ќе биде под клуч. Оперирале без потреба, сечеле граден кош без потреба. Имаме докази за тоа – изјави д-р Кедев.
По неговата изјава Министерството за здравство формираше интерна комисијата која требаше да ги испита наводите на Кедев.

Македонски








