
По повод Светскиот ден на мозочниот удар Универзитетската клиниката за неврологија денеска од 10 до 12 часот ќе врши бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат во просториите на Клиниката.
Универзитетската клиниката за неврологија го организира отворениот ден за граѓаните за подигнување на свесноста за превенција, препознавање на симптомите рана дијагностика и навремено лекување на мозочниот удар, под мотото „Мозочниот удар се лекува, соопшти Министерството за здравство.
Со овој настан, Клиниката испраќа порака за важноста на редовните прегледи и контролата на ризик факторите кои можат да доведат до мозочен удар, како што се зголемен крвен притисок, шеќер во крвта, зголемени масти, пушење и седечки начин на живот, наведуваат од Министерството.
Мозочниот удар е акутно настаната животно загрозувачка состојба која се случува како последица на нарушено снабдување на мозокот со крв.
Знаци и симптоми на мозочен удар, се отежнат говор и отежната перцепција на околината, конфузност или сензорна афазија, парализа или слабост на лицето, рацете или нозете. Ова често се случува само на едната страна од телото, а може да предизвика и асиметрија на усните.

Македонски








