Skip to main content

Утре, 12 април, ја славиме Лазарева сабота или Врбица, голем и радосен празник посветен на децата

Freepic

На тој празник во православните храмови се внесуваат врбови гранчиња, кои остануваат таму до неделната литургија, на Цветници, кога се врши ритуалот на благословување на врбата.

Утре, 12 април, ја славиме Лазарева сабота или Врбица, голем и радосен празник посветен на децата.

Лазарева сабота е празник што го славиме во чест на Исус Христос и моментот кога го воскресна Лазар од гробот. Врбица е секогаш во сабота, ден пред празникот Цветници, што е една недела пред Велигден.

Во Лазарова сабота вообичаено е да се носат гранчиња од врба, што симболично го претставува свеченото влегување на Исус во Ерусалим, кога бил пречекан од почитувачи и следбеници.

Настанот на воскресението на Лазар, според евангелијата, се случил во Витанија и е вовед во новото верување во воскресението. 

Кога Лазар умре и веќе четири дена се наоѓаше во гроб, Господ го воскресна од мртвите и тоа чудо се празнува на денот наречен „Лазарева сабота“. Многумина Евреи откако чуја за тоа, дојдоа во Витанија и се уверија во воскресението Лазарево, та станаа следбеници Христови. Затоа првосвештениците сакаа покрај Исуса Христа да го убијат и Лазара. По своето воскресение, светиот Лазар живееше уште 30 години. Беше епископ на островот Кипар, каде што го ширеше Христијанството. Таму, на Кипар, мирно се упокои и е погребан во градот кој поради гробот на светиот Лазар денес се нарекува Ларнака, што значи „кивот“. Во 898 година византискиот император Лав Мудри (886-911) ги пренесе неговите мошти во Константинопол и ги постави во храмот кој го носи неговото име.

Во христијанството тој празник го има значењето на победата на животот над смртта, а на богослужбите на тој ден како гаранција за воскресението на сите верници се споменуваат доброволното страдање Христово и воскресението на Лазар.

Воскресението на Лазар ги налутило првосвештениците и, според евангелската традиција, било непосредна причина за одлуката на јудејското собрание да го погуби Спасителот. Според преданието, Лазар, како кипарски архиепископ, живеел уште 30 години по воскреснувањето, проповедајќи го христијанството. Во исто време православните верници ја слават и Врбица, која, според црковниот канон, започнува со бдение во пресрет на Цветници, свеченото Христово влегување во Светата земја.

За православните христијани Врбица е празник на детската радост, бидејќи, според Евангелието, Христос, одејќи во Ерусалим, рекол:

„Оставете ги децата да дојдат кај мене, зашто такво е царството небесно“.

На тој празник во православните храмови се внесуваат врбови гранчиња, кои остануваат таму до неделната литургија, на Цветници, кога се врши ритуалот на благословување на врбата.

Мајките ги облекуваат своите деца свечено, им купуваат ѕвона врзани за тробојка и им ги ставаат на вратот, а на главите венци од врба и ги носат во црква. Младите гранчиња од врба се носат дома и се ставаат до иконата и кандилото.

Гранчињата од врба, кои потоа им се делат на луѓето, ги симболизираат палмовите гранчиња со кои христијаните го поздравувале Спасителот при влегувањето во Ерусалим.

Поврзани вести