Skip to main content

Дачија растура со моделите, ова е новиот „Страјкер“

Дачија го откри најновиот модел Дачија Страјкер, кросовер кој комбинира карактеристики од караван, хечбек и џип. Компанијата објави неколку први фотографии од автомобилот, со кои за првпат може да се види неговиот целосен изглед.

Страјкер ќе се нуди со повеќе погонски опции. Според Дачија, ќе има хибридна верзија, хибрид со погон на сите тркала, како и варијанта со плин. Целта е купувачите да имаат повеќе избор во зависност од тоа што им одговара. 

Целосното претставување на моделот е најавено за јуни 2026 година, кога се очекуваат и повеќе технички детали. Од досега објавените фотографии може да се забележат модерни ЛЕД дневни светла и панорамски покрив.

Дачија најавува дека почетната цена во Европа ќе биде под 25.000 евра, што значи дека Страјкер ќе биде позициониран како достапен кросовер во својата класа.

Новиот модел ќе биде важен дел од идната понуда на компанијата, заедно со поголемиот Дачија Бигстер. Во меѓувреме, Дачија планира и проширување на својата понуда со повеќе електрични модели во следните години.