Skip to main content

Англија воведува забрана за користење на социјални мрежи на малолетници во полноќните часови

Freepik

Британскиот министер за наука, иновации и технологија Питер Кајл дека владата разгледува голем план за воведување на рестрикции на социјални мрежи за малолетните корисници.

Според идејата, „полицискиот час“ би почнал во 22:00 часот, и би траел до наутро, а би биле опфатени сите корисници помлади од 16 години.

„Тоа се работи кои се разгледуваат“, рече Кајл.

Предлогот дојде поради загриженоста за тоа како „зависната“ природа на социјалните мрежи ги нарушува нормалните часови на спиење, а тоа влијае на училиштето како и однесување кон семејството.

Министерот ги опиша новите правила како „радикална промена“.

Поврзани вести