
Скопје станува центар на разговорот за вештачка интелигенција со настанот „AI без влакно на јазик“, кој ќе се одржи на 4 април (сабота) со почеток во 12:00 часот во Startup Club Skopje.
Настанот, организиран од Startup Club Skopje во соработка со првата невладина организација за вештачка интелегинеција кај нас, „AINOW“ има за цел да ја приближи вештачката интелигенција до пошироката јавност преку практичен, разбирлив и применлив пристап.
Она што го издвојува овој настан е фактот што учесниците нема само да слушаат, туку ќе заминат со конкретно знаење и готови решенија што можат веднаш да ги применат во секојдневното работење.
Фокусот е на три клучни области:
– Како правилно да структурирате промпт и да креирате автономен AI агент кој ќе ви помага секојдневно
– Како AI се користи во дигитален маркетинг, SEO и GEO за подобра видливост и резултати
– Што значи дигитална писменост и етика во време на вештачка интелигенција
На настанот ќе зборуваат врвни експерти од областа:
Суад Сефери, експерт за вештачка интелигенција и претседател на AINOW Society, ќе покаже како од правилно поставени промптови се гради автономен AI агент, со практични примери што секој може да ги примени.
„Нашата цел не е само да зборуваме за AI, туку да го направиме разбирлив и применлив. Сакаме луѓето да си заминат од настанот со конкретна алатка што ќе им го олесни секојдневието и ќе им заштеди време,“ истакнува Сефери.
Проф. д-р Сеад Џигал ќе зборува за дигиталната писменост и етичките правила, објаснувајќи кои се ризиците и како да се користи AI одговорно.
Биљана Димовска ќе презентира практични алатки за дигитален маркетинг, со фокус на SEO и GEO, објаснувајќи како брендовите и поединците можат да бидат први при пребарување во LLM системи и кои се актуелните регулативи.
Настанот вклучува и интерактивна Q&A сесија, каде присутните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат јасни, практични одговори.
Овој настан е дел од нивната поширока програма за подигање на свеста за AI и правилно користење на овие системи, со јасна цел – технологијата да стане алатка што им служи на луѓето.
Настанот е бесплатен, но местата се ограничени.
Сите заинтересирани се поканети да го резервираат своето место навреме и да станат дел од разговорот што ја обликува иднината.
Линк до формуларот за пријава: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSejJnlVyjXoHr_ZWYeG7xBdm8xBFzJW2SsSb0Krp7kjFv6EKg/viewform

Македонски


