Skip to main content

Внимавајте на жештината: Денеска ќе биде стабилно и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен ветер од северен правец.

Утре се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести