Skip to main content

Василица – два дена, два круга луѓе, една традиција

Василица кај нас не е само еден ден, туку два различни празнични моменти – 13 и 14 јануари, со различна симболика и различно друштво.

13 јануари – Василица вечер за пријатели

Вечерта на 13 јануари, позната како Василица вечер или Сурва, традиционално е резервирана за пријатели. Тогаш се собира друштво, се јаде, се наздравува и – по стар адет – се игра комар, како симболично „предизвикување на среќата“ за годината што доаѓа.

На 13 јануари се крши погача со паричка со пријателите, а се верува дека среќата што ќе се падне таа вечер ја носи годината во дружење, патувања и веселби. Атмосферата е опуштена, гласна и весела – без многу правила, но со многу смеа.

14 јануари – Василица за семејството

Денот на 14 јануари е Василица за фамилијата. Тоа е ден кога семејството се собира дома, во потивка и посвечена атмосфера. Тогаш повторно се крши погача со паричка, но овојпат со најблиските, со желби за здравје, мир и бериќет во домот.

Трпезата е побогата, разговорите се помирни, а акцентот е на заедништвото. Се верува дека тоа кој ќе ја добие паричката на 14 јануари ја носи среќата за целата фамилија во текот на годината.

Непишано правило што сите го знаат

Според непишаното народно правило:

13 јануари е за пријатели и комар

14 јануари е за фамилија и мир

И токму во таа поделба е убавината на Василица – прво радост со друштвото, потоа благослов во домот.

Поврзани вести