Skip to main content

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени

Утрово најсудено било во Берово каде се измерени -7 степени целзиусови, а најтопло во Виница, Попова Шапка, Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија со измерени 0 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР -5 степени се измерени во Битола, -4 Скопје – Петровец, Струмица, Штип, -3 Тетово, Крива Паланка, Прилеп, Демир Капија, Mаврови Анови, -2 Велес, Претор, Куманово, Кавадарци, и -1 степен во Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Пожаране, Kрушево.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени. 

Поврзани вести