Skip to main content

УХМР предупредува: Обилни дождови и невреме од утре

Промена на времето следува од утре, со влијание на циклонска активност која ќе донесе врнежи од дожд, локално пообилни, а на места и невреме.

Според УХМР, во наредните денови на повеќе места се очекуваат над 20 литри дожд на квадратен метар, а најобилни врнежи се прогнозираат во недела.

Локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и проследени со пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Во вторник се очекува продор на постуден воздух, по што на највисоките планини дождот ќе преминува во снег.

Во Скопје, од утре до средината на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во одделни делови од Скопската Котлина врнежите ќе бидат пообилни и локално проследени со ретки грмежи.

Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање. 

Поврзани вести