Skip to main content

Се нарушува целиот животен ритам: Викендов се префрламе на летно сметање на времето

freepik

Овој викенд ќе ги поместиме часовниците – во ноќта од сабота кон недела ќе се префрлиме на летно сметање на времето.

Психолог од Хрватска за ХРТ зборуваше за ефектите од оваа промена врз промена на човековото тело и како да се прилагоди.

Поместувањето на часовниците за еден час нанапред може да изгледа како мала промена, но може да има значително влијание врз нашите тела и умови. Чувствителните луѓе се особено изложени на ризик – постарите, хронично болните и учениците. Причината за проблемот е што со префрлување на летно сметање на времето, го нарушуваме нашиот вообичаен режим на спиење, а квалитетот на спиењето е основата за животната рамнотежа – вели Младенка Ткалчиќ од отсекот за психологија на Филозофскиот факултет во Ријека.

Во телото и во нашиот мозок постои внатрешен часовник кој регулира различни физиолошки и психофизиолошки процеси во организамот. Циклично варираат во период од прилика 24 часа различни хормони во крвта, крвен притисок, моторичкото и когнитивното функционирање. Нашиот внатрешен часовник има свој ритам, но не е целосно независен од факторите од околината, додава Ткалчиќ.

Таа препорачува попладневна дремка не поголема од 30 минути по преоѓањето на летното сметање на времето.

Потребно е околу една недела за просечниот човек целосно да се прилагоди на летното сметање на времето. Можеме да му помогнеме на нашето тело да го помине овој период што е можно побезболно. Оваа недела секоја вечер треба да си легнуваме десет минути порано и исто толку порано да се будиме. По потреба можеме да дремеме и попладне, но не подолго од 30 минути – вели таа.

Поврзани вести