
Поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на бул.Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе превземе одреден технички зафат кој ќе се одвива на ден 03.12.2025 година (среда), соопштија од компанијата.
Прекин на водоснабдување на 03.12.2025 година (среда) од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– бул. Александар Македоски
– бул. Киро Глигоров (дел од булеварот)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– ул. Перо Наков кај Кванташки пазар со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– ул. Маџари прекин на водоснабдување
– ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– с.Сингелиќ прекин на водоснабдување

Македонски






