Skip to main content

Нов влажен бран во Македонија

Во текот на ноќта денеска и утре особено претпладнето под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот во Македонија ќе има нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места со надморска височина од над 1.000 метри и особено во западните предели ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри.

Пообилни врнежите ќе бидат повторно во западните предели каде локално ќе наврнат нови до околу 20 до 25 литри на метар квадратен воден талог. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.