Skip to main content

На втори мај температурата ќе се искачи до 28 степени

Времето утре ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе се спушти до 4 степени во Берово, а дневната ќе се искачи до 28 степени во Велес.

Во Скопје времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 28 степени Целзиусови.

Понатаму следува период на топло време.

Од почетокот на новата седмица се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Поврзани вести