Skip to main content

Итен состанок во ЦУК поради лизгање на земјиште на Водно

Во Центарот за управување со кризи денес се одржа итен координативен состанок на кој присуствуваа директорот на ЦУК, Мухамед Али, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставници од сите надлежни институции и служби.

Состанокот, информираат од ЦУК, бил свикан поради појавеното обрушување на земјиште на Водно, во близина на улиците Белградска и Партеније Зографски.

Присутните институции ја разгледаа состојбата на терен, ризиците по околните објекти и потребата од итно преземање мерки за стабилизирање на критичната зона. Договорено е заедничко координирано дејствување, засилен надзор и изработка на ургентен план со цел спречување на понатамошно лизгање на земјиштето, истакнуваат од ЦУК.

Заклучоците од состанокот ќе бидат официјално проследени до Владата за натамошно постапување.

Поврзани вести