
Во 2026 година македонскиte граѓани ќе имаат седум продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, седум или се во петок или понеделник и се поврзуваат со викендот, или пак се во недела и согласно Законот неработните денови се префрлаат во понеделник.
Првиот продолжен викенд ќе биде за време на Рамазан Бајрам, кој е на 20 март во петок, а следен е во април кога се празнува православниот празник Велигден. Така неработни се 13 април, понеделник, за сите граѓани и петок 10 април кој е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Граѓаните на продолжен викенд ќе празнуваат и на 1 мај – Денот на трудот, кој е во петок, но и за 24 мај – Денот на сесловенските просветители кој е во недела, но неработен ден е понеделник 25 мај.
Продолжен викенд ќе има и за 2 август кога е Денот на Републиката, кога неработен ден е понеделник 3 август, а следен продолжен викенд има и за Денот на народното востание кој се празнува на 11 октомври. Овој празник е во недела, но со оглед на тоа што станува збор за државен празник, неработен ден е понеделник 12 октомври.
Македонските граѓани ќе празнуваат на продолжен викенд и за Денот на македонската револуционерна борба кој е на 23 октомври, петок.
Со оглед на тоа што за православните граѓани неработни се и 19 јануари, петок, 29 мај, петок пред Духовден и 28 август Успение на Пресвета Богородица, кој е исто во петок, тие ќе имаат уште три продолжени викенди.
Неработни денови за сите граѓани се 1 јануари, Нова Година, 7 јануари Божик, 8 септември, кога се слави Денот на независноста, и 8 декември, вторник, Денот на „Свети Климент Охридски“.
За граѓаните од православна вероисповед неработен ден е и 6 јануари Бадник, кој се празнува во вторник.
За граѓаните од католичка вероисповед неработни се 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 1 ноември (недела), Празникот на сите светци, и 25 декември (петок), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед неработен ден е 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.
Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во
2026 година неработни денови се:
За сите граѓани на РСМ
- 1 јануари (четврток), Нова Година,
- 7 јануари (среда), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
- 20 март (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
- 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот
календар, - 1 мај (петок), Ден на трудот
- 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден,
- 2 август (недела), Ден на Републиката, односно 3 март (понеделник) е неработен ден,
- 8 септември (вторник), Ден на независноста,
- 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден,
- 23 октомври (петок), Ден на македонската револуционерна борба,
- 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари (вторник), Бадник, ден пред Божик,
- 19 јануари (понеделник), Богојавление (Водици),
- 10 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
- 29 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 6 aприл (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
- 1 ноември (недела), Празникот на сите светци,
- 25 декември (петок), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 27 мај (среда), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (недела), Ден на албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
- 27 јануари (вторник), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
- 8 април (среда), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (сабота), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 21 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик

Македонски






