Skip to main content

И утре ќе дува силен ветар

Freepik

Времето утре во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје, сончево со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Од понеделник следува период на стабилно и потопло време со постепен пораст на дневнaтa температура.

Поврзани вести