Skip to main content

Денеска до 38 степени, од утре почнува нов топлотен бран

Времето денеска се очекува да биде сончево со мала до умерена локална облачност. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје, слично време – сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Од УХМР најавуваат период на сончево и топло време со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од утре до средината на наредната седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови.

Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Поврзани вести