Skip to main content

Никогаш не кажувајте му ги овие две работи на партнерот

Според психологот д-р Марк Траверс, некои пофалби, иако на прв поглед звучат пријатно, можат да имаат неочекувано негативни последици по односот.

  1. „Како си секогаш толку смирен/а?“
    Иако изгледа како искрена пофалба, оваа изјава може потсвесно да го натера партнерот да ги потиснува своите вистински емоции, само за да остане „добриот“, „мирниот“ во врската.

Ако личноста е веќе склона кон избегнување конфликти, овој тип комплимент може да го создаде притисокот да не покажува загриженост, лутина или тага, од страв дека ќе ја изгуби наклонетоста на партнерот.

  1. Ти си премногу добар/а за мене“
    Наизглед романтичен комплимент, но всушност може да создаде нерамнотежа и чувство на недостојност во врската. Оваа изјава пренесува порака дека сте „помалку вредни“, што со тек на време може да доведе до несигурност, вина или дистанцирање.

Заклучок на стручњаците:

Наместо да користите комплименти што се темелат на перформанси, улоги или очекувања, фокусирајте се на искрените чувства и моменталното искуство. На пример, кажете:

„Навистина ми значи како ме слушаш кога ми е тешко.“

„Убаво ми е кога сме заедно, дури и кога не правиме нешто посебно.“

Таквите изјави создаваат емоционална поврзаност, автентичност и сигурност, што се темели на здрава и долготрајна љубовна врска.

Поврзани вести