Skip to main content
Време за тишина

Внимавајте летово во Грција: Aко се „дерете“ во апартманот доцна навечер може да заглавите затвор

Од 1 април 2025 година во Грција стапија на сила правилата за т.н. „часови на тишина“, кои важат секое лето и ќе траат до 30 септември. пишува српскиот весник „Ало.рс“.

Сите македонски туристи кои ќе замина кај јужниот сосед ќе мора да се навикнат на новиот куќен ред, инаку ризикуваат да платат висока казна или пак ќе одат во затвор

За што се работи

За време на т.н „часовит на тишина“ е забранета секаква врева или по нашки кажано „дерење“ како што ние си знаеме.

Ова е распоредот

Летен распоред (1 април – 30 септември):

  • Попладневна тишина: од 15:00 до 17:30 часот
  • Ноќна тишина: од 23:00 до 07:00 часот

Зимски распоред (1 октомври – 1 април):

  • Попладневна тишина: од 15:30 до 17:30 часот
  • Ноќна тишина: од 22:00 до 07:30 часот

Што е забрането за време на тивките часови?

За време на овој период, строго се забранети:

  • Правење бучни активности
  • Гласна музика, телевизори, викање, пеење и танцување во станови и на приватни места
  • Улични настапи и музика на јавни места (улици, плоштади, превоз)
  • Гласни расправии во јавни простори, кафулиња, клубови
  • Гласни муабети и активности на автобуските постојки или кај паркирани возила
  • Употреба на свирки од автомобил

Какви се казните?

Нарушувањето на часовите на тишина се третира сериозно според измените во Кривичниот законик и може да резултира со:

  • Затворска казна до 5 месеци, замена со парична казна
  • Или висока парична казна

Поврзани вести